(ВИДЕО) Возачот на БМВ-то сакал да „испадне фаца“ па завршил во каналот

НЕСРЕЌНИОТ ЧОВЕК зад воланот на БМВ сакал да си замине со стил и завршил посрамен во каналот. Видеото објавено на Редит предизвика значителен интерес, пред се поради несреќникот кој доживеа незгода во БМВ.
Видеото започнува со Mercedes AMG C63 кој го напушта паркингот со контролирано лизгање, а да не зборуваме за дрифтање. Иако овој Мерцедес е доста проблематичен за контрола, очигледно е дека зад воланот е релативно ладна глава со одредено искуство.


За жал, истото не може да се каже за возачот на БМВ, чија желба била посилна од неговите способности. И излетал од паркинг со многу лизгање. Но, поради недостаток на искуство премногу ги превртувал тркалата на родстерот БМВ па наместо да се исправи отишол во десно и слетал од патот во ендек.
Иако несреќата не се случила со голема брзина, на видеото се гледа како BMW Z4 претрпел значителна штета. Поправката сигурно нема да биде евтина.

Фото: Принтскрин/Reddit


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Театар Комедија ќе биде изведена претставата „Жени во собрание“

Вечерва во Театар Комедија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја проследите …