(ВИДЕО) Водителот, на доделувањето на ЕМИ наградите, го исмејувал Ди Каприо: „Зендаја е премногу стара за тебе, има 26. години!“

На синоќешното доделување на Еми наградите, водителот и комичар Кенан Томпсон се пошегувал на сметка на актерот Леонардо ди Каприо за време на неговиот воведен монолог.
„Зендаја штотуку наполни 26. години минатата недела, среќен роденден“, рекол тој, гестикулирајќи кон актерката, која подоцна ја доби наградата за најдобра актерка во драмска серија.
„26. е чудна возраст во Холивуд. Мислам, ти си доволно млад за да глумиш средношколец, но премногу стар за да излегуваш со Леонардо ди Каприо”, додал водителот.


Да потсетиме дека 47-годишниот Ди Каприо, кој не беше на доделувањето на Еми наградите, има историја да се гледа со познати жени кои се многу помлади од него и немаат повеќе од 25. години.
Овој тренд предизвика многу шеги и мемиња на интернет, особено откако неодамна беше објавено дека актерот ја прекинал долгогодишната врска со Камила Мороне, само два месеци по нејзиниот 25-ти роденден.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …