(ВИДЕО) Водителката едвај ги задржала солзите додека ја читала веста за смртта на принцот Филип

БиБиСи водителката и новинарка Мартин Кроксал едвај ги задржала солзите додека во етерот ја читала веста за смртта на принцот Филип.
Со кнедла во грлото, 52-годишната водителка ги известила гледачите дека Бакингемската палата објавила дека принцот Филип починал, а потоа со кратка пауза го прочитала официјалното соопштение на Палатата. Пред тоа, имало пауза во редовната програма за време на која водителката облекла црн џемпер.


Гледачите забележале дека на водителката и е тешко да ги сокрие своите емоции, па на социјалните мрежи ја пофалиле за професионалноста.
Принцот Филип почина на 99-годишна возраст.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …