(ВИДЕО) Влатко Лозански за реакциите на неговата изјава (Доаѓам од Македонија а на од таа земја со додаток – северна) на „МАС 2020“:„Не сум на ничија страна, политиката нека си остане на политичарите!“

Ние не би биле ние ако немаме став и коментар за нечија изјава…
Пред три дена токму на нишанот на „социјалните медиуми“ се најде Влатко Лозаноски кој примајќи ја наградата за нај поп композицијата „Мајко“ на „МАС 2020“, ги корегира водителите и рече дека доаѓа од земја без оној додаток „северна“…
И, нормално, како што обично бива – беше ставен на крст – некои го подржуваа, други осудуваа но сигурно никој не остана рамнодушен на оваа негова изјава…
Екипата на „Бекстејџ“ имаше разговор со Лозано, на повеќе теми, а секако и на оваа „горечката“ која по којзнае кој пат ја подели јавноста…
Во видеото подолу слушнете што вели Влатко Лозаноски по повод изјавата во Белград:


Не можеме да останеме имуни на сите коментари кои можевме да ги прочитаме па ни се наметна прашањето:„Имаме ли, како единка, право на свое мислење за одредени ситуации кои се случуваат во нашата земја“?

Г.О.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Книжевен кружок во Илика

Третата средба на книжевниот кружок ќе се одржи денес со почеток во 17:00 часот во …