(ВИДЕО) УСПЕШНО ВРАЌАЊЕ – Македонската кандидатка Сања Тодоровиќ повторно во „Ѕвездите на Гранд“: И’ сите ги воодушеви!

Саша Поповиќ истакна дека кај Сања од првиот круг во претходната сезона досега се чувствува огромна разлика…
Во најновата емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа повеќе македонски кандидати, но најголем впечаток остави Сања Тодоровиќ од Скопје.
Сања се претстави со песните „Вукови“ од Емина Јаховиќ и „Тек је 12 сати“ од Вана, а со својата интерпретација ги освои речиси сите гласови од жирито, односно само Драган Стојковиќ Босанац не и даде глас, а жирито имаше само позитивни коментари за Сања.


Имено, Тодоровиќ учествуваше и претходната година во музичкото каде што стигна до петиот круг, а ментор и беше Ѓорѓе Давид.
Ѓорѓе кога ја виде македонската пејачка многу се израдува.
„Каде си кукло, те сакам“, изјави пејачот и го повлече гласот бидејќи според новите правила на „Гранд“ тој не може повторно да и биде ментор.Саша Поповиќ истакна дека кај Сања од првиот круг во претходната сезона досега се чувствува огромна разлика.
Тодоровиќ за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша со која ќе работи за нејзиното претставување во следниот круг.


„Баш ми е мило што ме одбра мене. Имаш добра енергија, добра подлога.Со оглед на претходната сезона, сега како почна….убаво ќе соработуваме“ истакна Карлеуша.
Нејзиниот настап може да го погледнете во видеото подолу.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …