(ВИДЕО) БРУТАЛЕН НАПАД – ПОЛИЦИЈАТА СО СИЛА И ГО ИСТРГНАЛА ДЕТЕТО ОД ПРЕГРАТКАТА, А ТАА ГО ТУЖЕЛА ГРАДОТ:Добила големо обештетување!

Њујоршки полицајци, минатиот декември, истргнале едногодишно бебе од рацете на неговата мајка, а снимките од инцидентот станале вирални. Мајката Џасмин Хедли го тужела градот во август годинава и конечно била донесена пресуда – таа ќе добие 625.000 долари обештетување.
Хедли го држела бебето во раце додека била во социјалната служба во Бруклин минатиот декември, чекајќи да се распраша за поддршка на децата. Таа седела на земја во преполна чекална кога дошле полицајци од агенцијата и ја замолиле да си замине. Хедли изјавила дека сака да разговара со нивниот шеф, објави NBC News.
Видео од инцидентот бил снимен од случаен минувач и објавен на социјалните мрежи, а на него се гледа како Хедли на грб лежи на подот, при што неколку полицајци стојат околу неа додека еден од нив го оттргнува бебето од нејзините раце. Хедли се слуша како вика: „Тие го повредуваат мојот син!“.


Настанот бргу ескалирал додека присутните почнале да викаат, а можело да се чуе како некој вели: „Погледнете што прават со неа“. Веднаш по инцидентот, на Хедли и се заканувале со обвиненија поради спротивставување на апсење, однесување на начин што може да повреди дете, опструкција на владината администрација и незаконски упад, но тие обвиненија беа отфрлени.
Во тужбата на Хедли се наведува дека таа била понижена, нападната, физички повредена, и се заканувале со тезер, брутално одвојување од синот, окована со лисици на рацете, уапсена и затворена. Бебето било брутално истргнато од рацете на мајка си од страна на странци и однесено во полициска станица и ноќта ја минало, по првпат, без својата мајка.


Неколку дена по инцидентот, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, се извинил во јавноста. Неговата портпаролка Оливија Лаперолер во изјавата во петокот рекла дека градот „нпропуштил да ја третира Хедли со почит и достоинство“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …