(ВИДЕО) Уште три дена до стартот:Конфликти и интриги на новинарските пера во „Инсајдер“

Меѓу колегијални конфликти, финансиски проблеми, политика, борба за опстанок на печатот, муабети зад завесата, интриги, афери во новинарска куќа.

Ова е приказната на серијата „Инсајдер“, која почнува да се емитува од понеделник од 20.40 часот на „Телма“.



Од претпремиерата на првата епизода на #Инсајдер

Posted by Инсајдер on Donnerstag, 26. Oktober 2017


„Инсајдер“, всушност, е неделен магазин што се занимава со истражувачко новинарство. Новинарството засега е раскажано низ 26 епизоди во првата сезона, а има најави и за втора.

Во „Инсајдер“ играат српскиот актер Светозар Цветковиќ-Цвеле, Ирена Ристиќ, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Ѓорѓи Нешковски, Горан Ников, Габриела Петрушевска, Ана Стојановска и Сања Арсовска. Во епизодни улоги ќе ги видиме и Васил Зафирчев, Сашко Коцев, Драган Спасов-Дац, Јелена Јованова, Славиша Кајевски и многу други.

Сите читаат #Инсајдер!

Posted by Инсајдер on Freitag, 27. Oktober 2017

„Инсајдер“ ја режираат Игор Иванов-Изи, Вардан Тозија, Дарјан Пејовски и по една епизода Дина Дума и Марија Апчевска. Сценариото го потпишуваат: Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова и Драган Лука.

#БидиИнсајдер! Стани дел од нашиот тим и освој влезници за VIP премиерата на првата епизода на Инсајдер! Овој ексклузивен настан ќе биде зад затворени врати за широката јавност, а ние ги отвораме само за најдобрите. Како до влезници? 1. Погледни го трејлерот2. Во коментар напиши твој предлог-наслов за насловна страна на неделникот ИнсајдерНасловот може да биде од било која тема која тебе те засега. 20те со најмногу лајкови ќе можат со себе да поведат +1 и да го доживеат светот на филмската продукција заедно со целиот тим кој стои зад #Инсајдер. Нека победат најдобрите!

Posted by Инсајдер on Donnerstag, 19. Oktober 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На руска водителка и се скршило столчето во емисија во живо, потсмевот не престанува

БЕЛОРУСКИОТ медиум Nexta објави клип од емисија во живо на руската телевизија. Во тој клип, …