„Суперхикс“ ја промовираше својата прва плоча


Вчера напладне „Суперхикс“ го промовира албумот Underground Evergreens, но во вид на винил плоча. Албумот пред половина година беше објавен на цеде, а сега доби ново винилно издание.

„Суперхикс“ досега има пет студиски албуми, еден албум со најголеми хитови и еден снимен во живо, но ова е нивна прва плоча.
„По 23 години и пет албуми, конечно „Суперхикс“ ја доби својата прва плоча. Им благодариме на сите што беа вклучени во реализацијата на албумот, кој сега ќе можете да го слушате и на грамофон“, рече Петар Младеновски пред присутните.
На промоцијата бендот отсвири неколку песни на платото пред продавницата „Југотон“ во ГТЦ во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Во Лас Вегас – И’ покрај болеста, Селин Дион уживала на концертот на Coldplay: Ги воодушевила фановите со своето танцување и добро расположение

На концертот на Coldplay во Лас Вегас, Селин Дион ги засенила присутните со своите танцови …