(ВИДЕО) Усеин Болт го претставил својот прв електричен автомобил

Јамајчанинот Усеин Болт, откако се докажал во спортот, сега се обидува да биде успешен и во автоиндустријата.
А, следејќи ги трендовите се одлучил за електрично возило. Најбрзиот човек на светот, повеќекратен победник на 100. и 200. метри, така не се одлучил за создавање на најбрз автомобил, но затоа би можел да биде најпрактичен.
Името му е Bolt Nano. Претставен е на Vivatech во Париз и доаѓа откако Болт ја претставил својата линија на електрични скутери и ромобили. Ова сообраќајно средство е доста посериозно од порано виденото, а како Twizy на Рено, нуди простор за две лица. Благодарение на компактните мерки лесно се снаоѓа во урбани услови. На пример, дури четири можат да се сместат на еден паркинг.
Техничките податоци засега се тајна, а единствено е познато дека батеријата лесно се менува, како и дека стартната цена ќе биде 9.999 УСД.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …