Макпрогрес на FMCG summit во Скопје

Макпрогрес беше дел од FMCG самитот во Скопје – најголемата регионална конференција за трговија со стока за широка потрошувачка. Компанијата имаше свои учесници на самиот настан. презентациско претставување на своите шест бренда како и производи кои за присутните беа одлична закуска за време на паузите.


Овој самит е ексклузивно случување во трговскиот сектор во Македонија и е централно место кое ги поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите.


“Веќе петта година сме учесници и поддржувачи на настанот затоа што силно веруваме во можноста за инспирација, размена на искуства и идеи од овој настан. И годинава ги потврдивме очекувањата. Имавме можност слушнеме одлични презентации од големите играчи на динамичниотFMCG пазар и да понесеме нова визија за унапредување на процесите на работење.” истакна Марина Наскова од Макпрогрес.


FMCG Summit во Скопје се оддржа на 16 мај во хотелот Александар Палас а го посетија повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава. Организатор и оваа година беше магазинот InStore.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …