(ВИДЕО) Урнебесна сцена: Блиска средба меѓу сообраќаен службеник и самоуправувачко такси

Видеото е создадено на улиците на Феникс, Аризона, каде редовно возат роботски такси на изненадување на патниците кои при влегувањето во возилото најпрво можат да го слушнат необичниот и по малку застрашувачки глас на автомобилот дека „нема возач“.
На Тик Ток се појави интересно видео од робот такси кој вози низ улиците на еден американски град. Имено, возилото се заглавило во сообраќаен метеж кога полицијата поради парадата привремено го регулирала сообраќајот.
Отпрвин, сензорот не ги препознал гестикулациите на сообраќајниот полицаец, но, како што е наведено, тој сепак по 90 секунди успеал да „фати“ што барал полицаецот и да се прилагоди на новата рута.
Компанијата Waymo, која ги поседува овие возила, го коментирала случајот, велејќи дека на софтверот на автомобилот му треба малку време да ја препознае околината и дека сето тоа е дел од неговиот процес на учење.

@johnnyromano3


POV: youre in a self driving car and the police get involded

♬ original sound – Johnny Romano


Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …