(ВИДЕО) СИМПАТИЧНА СОСТОЈБА – Млад човек сечел пршута на автопат и им ја давал на луѓето кои останале заглавени во редица

Млад човек кој сечеше пршута на сред автопат во Италија стана хит на социјалните мрежи.
Пред неколку дена, по застојот на една од автопатските делници во Италија, предизвикан од возач на камион со цементни блокови, чиј материјал се прелеал на сите три коловозни ленти, еден млад човек се одлучил на необичен потег.
Еден млад човек по име Саверио Сантарели сфатил дека ситуацијата ќе трае и решил да го искористи времето така што ставил парче пршута на ѕидот на автопатот и им го пресекол на патниците кои се нашле во редот.

Имено, како што пишуваат италијанските медиуми, овој млад човек се враќал дома откако добил признание од меѓународната школа за италијанска кујна „Алма“ во градот Парма.
Бројни патници ја препознале добрата волја на овој млад човек и решиле да ја вкусат пршутата која била дел од неговиот испит во Парма. Некои од нив решија да му се придружат на овој фин млад човек со носење пијалоци и пластични чаши за да им понудат на другите нешто за пиење.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …