Колку заработуваат работниците на BMW?

Платите во BMW се меѓу најдобрите во германската и европската автомобилска индустрија.
На баварскиот производител на автомобили му оди добро, а тоа се одразува и на финансиските резултати. Поради ова, тие великодушно ќе ги наградат своите работници.
Порталот Kununu ги проценува приходите на работниците во индустријата, а бројките за BMW може да се најдат таму.
Луѓето кои работат на работи за одржување во BMW добиваат просечна годишна бруто плата од 36.400 евра, додека квалификуваните работници во производството може да сметаат на 42.100 евра.
Логистичарите имаат плата од 52.000 евра.

This image has an empty alt attribute; its file name is bmw-1.jpg


Од друга страна, програмерите и инженерите заработуваат меѓу 77.200 и 88.900 евра бруто годишно. За водачот на тимот бруто годишната плата е околу 114.500 евра, а приправниците се платени 17.300 евра бруто. За менаџерски плати нема да зборуваме бидејќи тие се изразени во милиони евра.
Но, тоа не е се, ако се земе предвид дека со синдикалните надоместоци и годишните одмори, вработените во BMW земаат околу 13,7 плати годишно. И тоа не е се, бидејќи БМВ ја дели добивката со работниците во еднократна сума од 9.175 до 15.700 евра – податоците се за 2019 година.

Фото: BMW promo


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …