(ВИДЕО) Уништен дел од историјата: Во Рим изгорел познат мост!

Избувнал голем пожар и делумно го уништи индустрискиот, таканаречен железен мост кој ги поврзува двете римски населби Остинезе и Трастевере, пренесува агенцијата Анса.
Пожарот избувнал синоќа нешто пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово.
Зоната на Железниот мост е центарот на ноќниот повод во Рим.


Според првите информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што било создадено „стампедо“ на луѓе кои биле во блиските ресторани и барови.
Пожарот загрозил и дел од гасните инсталации, па снабдувањето со гас, електрична енергија и вода било исклучено како мерка на претпазливост, поради што трите римски населби останале без снабдување со основни извори на енергија.
Градоначалничката на Рим, Вирџинија Раџи, го посетила местото на несреќата и во таа прилика изјавила дека „најважно е што нема човечки жртви, но тажно е да се види дека е уништен дел од историјата“.
Пожарот изгорел дел од мостот и се урнал во реката Тевере, а останува да се утврди дали основната конструкција е оштетена или мостот ќе мора да се сруши поради оштетување.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати музички имиња од Македонија и Балканот овој викенд ќе настапат на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“

Најдобрата забава во Скопје ќе се оддржи токму во општина Гази Баба на 4ти и …