(ВИДЕО) Уловил риба од 80. кг па на бизарен начин ќе останел без неа: „Ми ја оттргна!“

Рибар кој од морето се обидел да го извлече својот улов, голема риба од видот тарпон, се шокирал кога од рацете му ја извлекла ајкула.
Кога рибарот Роберт Горд, од Флорида, уловил голем тарпон, посакал да се слика со него, но не наслутувал дека за својот улов ќе мора да се бори со многу поголем предатор.

„Го земав во раце, како и секогаш, да се сликам со него, но потоа голема ајкула ми го оттргна од рацете. Не можев да верувам што се случува“, раскажал за ABC.


Додал дека рибата била тешка 80. килограми.
„Замислете тогаш колкава беше ајкулата“, вели рибарот.
Бидејќи на Флорида е илегално на брод да се извлече риба подолга од 100 сантиметри, Горт не можел ништо друго освен беспомошно да гледа како морскиот пес ја одвлекува под вода.
На снимката се гледаат траги од гризнувања на телото на рибата.


„Ми беше жал за рибата. Тоа е неверојатен вид од кој успевам добро да заработам. Имам големо почитување кон нив, но не можев ништо да направам“.
Горт со риболов се бави полни 22. години, но вели дека оваа средба никогаш нема да ја заборави.
„Сеуште мислам на тоа. Секој ден зборувам за тоа и се фалам на сите што ги познавам. Имам среќа што за живот заработувам на вода. Кога си секој ден на вода гледаш секакви луди работи“, заклучил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …