(ВИДЕО) УБАВА ВЕСТ – ТИЕ ЈА ПОБЕДИЛЕ КОРОНА: Погледнете ја среќата на Италијанците кои ги изведуваат од интензивна нега но и радоста на лекарите!

Италија продолжува лавовски да се бори против епидемијата на коронавирус бележејќи најголем број жртви во светот – 17,127.
Сепак, секој ден се излекувани по неколку стотина луѓе, а посебни среќните се пациентите кои повеќе не треба да бидат сместени во единицата за интензивна нега.
На социјалните мрежи се појави видео под наслов „Трката против времето“, кое го снимиле италијански медицинари од одделението за реанимација во болницата „Сестри Леванте“.
Освен што може да се види низ што се минува медицинскиот персонал, највпечатливи моменти се кога ги испраќаат пациентите од интензивна нега.
Неописливата среќа можете да ја видите и на лицата на пациентите кои успеале да го поминат најлошиот дел од битката, но и огромната радост на лекарите и медицинските сестри.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …