(ВИДЕО+ФОТО) Во Италија се урнал уште еден мост

Денес во Италија се сруши мост додека на него биле две товарни возила на него, јавуваат италијанските медиуми.
Според првите информации, едниот од возачите можел да избега на безбедно без повреди, додека другиот е пренесен во болница со полесни повреди на градниот кош.
Инцидентот се случил во Тоскана, на мостот што ги поврзува провинциските патишта СП62 и СП70.
Две возила го минувале мостот во моментот кога паднал. Поради пандемијата на коронавирус, во овие периоди имало помалку сообраќај. Во нормални услови, го поминуваат илјадници возила.


Пожарникарите се на местото на настанот, јавуваат медиумите.
Сè уште не е јасно што довело до урушување.
Пред две години, во Џенова се сруши мост, при што загинаа 43. лица.
Во Италија сличен инцидент се случил во ноември 2019. година. Тогаш се срушил мостот преку кој оди автопат во северозападен регион Лигурија, кај Савона, како последици од поплавата, било соопштено.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …