(ВИДЕО) Дали со новото име ќе ги менуваме песните по кои цел свет не знае: Изведба на “Македонско девојче” од шпански оркестар ja крена публиката на нозе!

Фасцинантно е како музичари од пет земји (Шпанија, Грција, Србија,Франција, Италија) ја доживуваат нашата култна „Македонско девојче“…Дали со промената на името ќе треба оваа песна да ја прекрстиме во „Северно македонско девојче“?
Оркестарот “BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA” во април направи промоција на својот најнов албум насловен како “Аvo Kanto” низ цела Германија.
За време на нивниот настап во Минхен, тие ја изведоа и најпознатата македонска песна “Maкедонско девојче”, a публиката се крена на нозе.
Oркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ (Шпанија), Матиа Широса (Италија), Иван Ковачевиќ (Србија), Џулиен Чанал (Франција), Стелиос Тогиас (од Грција) и Сандра Санаџио (Шпанија), изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.
Еве како во Минхен звучеше нашата “Македонско девојче”:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден нашиот маратонски пливач и трикратен светски првак во маратонско пливање Евгениј Поп Ацев

Евгениј Поп Ацев е роден на 14 мај 1988 година. Тој e македонски маратонски пливач, …