(ВИДЕО) ТРЕВОГА ВО АМЕРИКА: Трамп префрлен во болница, му следи серија тестови – снимил и порака!!

Претседателот на САД, Доналд Трамп е префрлен во Националниот воено-медицински центар Волтер Рид, каде што ќе остане неколку дена по совет на лекар, објави Белата куќа.


Трамп таму ќе биде тестиран.
На Трамп му беила препишана терапија со регенерон, коктел од поликлонални антитела, кој исто така содржи цинк и витамини.

За потсетување, Доналд Трамп вчера на Твитер напиша дека е позитивен на коронавирус. Тој најави дека неговата сопруга Меланија Трамп е исто така позитивна.

„Како последно средство и по препорака на неговиот лекар и медицински експерти, претседателот ќе работи од претседателските канцеларии во болницата Волтер Рид во наредните денови“, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенани.


Трамп не ја пренесе надлежноста во Пенс
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој беше пренесен во воената болница Волтер Рид за лекување на коронавирусот, не му го пренесе овластувањето на потпретседателот Мајк Пенс, изјавил претставник на Белата куќа.
Трамп бил префрлен во посебен апартман во воената болница Волтер Рид во Бетесда, предградие на Вашингтон, каде ќе ги помине следните неколку дена. Тоа е мерка на претпазливост откако претседателот беше позитивен на Ковид-19, изјави во петокот портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени.

Трамп полека одеше од Белата куќа до хеликоптерот што го чекаше, носејќи маска и не разговарајќи со новинарите, но претходно снимил порака.

„Сакам да им се заблагодарам на сите за нивната фантастична поддршка. Одам во болницата Волтер Рид. Мислам дека сум многу добар, но ајде да провериме дали сè ќе излезе добро. И првата дама е многу добра. Ви благодарам многу, го ценам и никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, рече Трамп.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …