(ВИДЕО) Тибетантскиот духовен водач објави нова песна!

Тибетскиот духовен водач Далај Лама објави нова песна наречена „”One of My Favorite Prayers” (Една од моите омилени молитви), којашто е втора објавена песна од неговиот се уште необјавен прв духовен албум си мантри и вежби.
Албумот „Внатрешен свет“ (Inner World) ќе биде објавен на 6. јули, на роденденот на Далај Лама. Издавач е продуцентската куќа Hitco Entertainment/Khandro Music, а проектот е замислен од продуцентката Џунел Кунин, инаку ученичка на Далај Лама. Идејата за снимање на албумот е нејзина и е од 2015 година.
„Целта на мојот живот е да им служам на луѓето колку што можам, а музиката и мелодијата можат да им помогнат на луѓето во тоа што јас не можам лично“, изјави духовниот водач.
Песната, односно молитвата, е изрецитирана на англиски јазик.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …