Оваа погача е идеална за подарок или свечена трпеза
Состојки:
800 г брашно
400 мл млако млеко
4 лажици масло
4 лажици кисела павлака
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
1 квасец
1 јајце
Подготовка: во топлото млеко ставете го изронетиот квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажици брашно. Измешајте и оставете 5 – 10 минути квасецот да се активира. Додајте 1 јајце, 4 лажици масло, 4 лажици кисела павлака, измешајте па додајте брашно и сол. Замесете меко тесто. Поделете на 11 корички. Секоја премесете ја. Една коричка ставете во центарот на садот за печење. Потоа две корички искориистете за сечење ленти кои ќе ги наредите преку централната коричка. Остатокот на коричките сечете ги по средина и правете облик на лист. Редете во круг. Намачкајте со жолчка и по желба украсете со семки. Печете 30 – 35 минути на 200 степени.
Подетално објавување за начинот на подготовка погледнете во видеото: