(ВИДЕО) ТЕКСАС НА НОЗЕ ПОРАДИ НАЈНОВОТО УБИСТВО НА ДЕВОЈКА: Полицаец ја убил Ататјана во нејзината спална соба пред 8. годишно дете!

Во најновиот случај на полициско убиство што ја потресува американската јавност, убиена е една млада, Афроамериканка Ататјана Џеферсон, во нејзината спална соба.
Ататјана (28) живеела во дом во Форт Ворт, Тексас, а полицијата била повикана од загрижена сосетка која ја видела вратата на нејзиниот дом во текот на ноќта е отворена. За да работите бидат полоши, Ататјана живеела со својата 8-годишна сестра, која според извештаите на медиумите била со неа во собата кога била убиена.
Полицијата објавила видео снимено со камера која полицаецот ја носел на себе, во кое се гледа дека полицаецот, за кого во локалните медиуми се истакнува дека е белец, пукал во Ататијана само неколку секунди откако ја видел.


Во многу кратко растојание, ја видел Ататијана низ прозорецот,и наредил да ги крене рацете во воздух и пукал.
На снимката е прикажана и полицијата која го претресува дворот околу куќата, по што забележале човечка фигура која стои зад прозорецот. Службеникот прво наредил лицето да ги крене рацете во воздухот, а потоа испукал куршум низ стаклото од прозорецот.


Полицијата на Форт Ворт соопштила дека полицаецот „забележал закана“ во моментот кога извадил пиштол. Тој е суспендиран и истрагата за инцидентот е во тек.
Соседите на Ататјана, кои зборуваат за овој студент по медицина само најубаво, свикале прес-конференција, потенцирајќи дека во видеото се гледа дека се направени многу грешки и инцидентот го нарекуваат убиство.

Меѓу нив е и очајниот сосед кој повикал полиција.
„Само сакав да се уверам дека се е во ред … Подобро да ја повикав лично на телефон… сега ќе беше жива“, рекол тој.

Меѓутоа, случајот со Ататјана предизвикал бес низ целата земја, не само во нејзиното соседство, а граѓаните посочуваат дека ваквите „инциденти“ веќе многу често се случуваат.
На видеото се гледа и оружје пронајдено во домот во нејзината спална соба, соопштила полицијата. Сепак, не е познато дали убиената Ататијана држела оружје во моментот кога офицерот пукал.
Инаку, во Тексас е законско поседување на оружје за секој над 18 години.

Екран.мк/BBC
Фото: Facebook/Atatiana Jefferson

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Поради карцином и ги извадиле ДВЕТЕ ГРАДИ, а потоа дознала за СТРАШНАТА ДИЈАГНОЗА: „Се тресев кога ми кажаа“

Октомври е месец на борбата против ракот на дојката, злобна болест која не штеди и …