СКАНДАЛ ВО ХРВАТСКА: Седум момчиња групно силувале малолетничка а судијата ги пуштил на слобода!

Полицијата против седум момчиња на возраст од 17. до 19. години поднела казнена пријава поради сомнение дека една година во повеќе наврати силувале 15. годишна ддевојка. Силувањата, се случиле во периодот од август минатата до јули оваа година.
Ја снимале со мобилен па ја уценувале
Момчињата некои од силувањата ги снимале со мобилен, а со снимениот материјал ја уценувале девојката за да од неа изнудат нови сексуални односи. И се заканувале дека доколку повторно не се согласи на секс, филмовите ќе ги испратат на нејзините родители и пријатели.
Еден од силувачите бил нејзин бивш дечко кој неколку пати ја претепал.
Полицијата ги привела, судијата ги пуштил да се бранат од слобода



Полицијата, поради сомнение за кривично дело против полова слобода, за полов однос без согласност, блудни дејствија, закани, телесни повреди и искористување на деца за порнографија на штета на малолетничката привела двајца 19. годишници, тројца 18. годишници и двајца 17. годишници.
Како што наведуваат хрватските медиуми, полицијата петмината помлади полнолетници ги привела минатиот петок, а откако биле испитани во обвинителството и кај судија во општинскиот суд, сите биле пуштени да се бранат од слобода.
Живеат во исто место како и силуваната девојка
Момчињата кои се сомничат за повеќекратно групно силување живеат во исто место како и силуваната девојка, а судијата им одредил мерки на забрана на приоѓање и комуникација со жртвата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ ќе учествува на III Балкански театарски фестивал во Благоевград

По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во БиХ, Македонскиот народен театар повторно со …