(ВИДЕО) ТАЖНО – Момче ги поканило сите пријатели на роденден, но никој не дошол…

Татко растажил многумина откако објавил видео на TikTok од неговиот син како прави роденденска забава на која никој не се појавил. Момчето сакало забава на тема Спајдермен со своите пријатели, но на крајот седна сам на украсена маса и скокал на трамболина.
„Ги покани сите пријатели на забава и никој не се појави“, напишал таткото.
Самото момче ја скршило и пињатата во облик на Спајдермен што неговите родители му ја нарачале за оваа пригода.
„Тоа е тоа, следната година го носам во Дизниленд“, заклучил разочараниот татко.

@justmemoo Thats it 1 like and I’m taking him to disneyland 😢 #fypシ #spiderman #birthdayboy #nonewfriends #StJudeDadPhotos #foryou ♬ Only Love Can Hurt Like This (Slowed Down Version) – Paloma Faith


Многумина го коментирале видеото и изјавиле дека и самите се нашле во иста ситуација, која им го скршила срцето.
„Тоа му се случи на мојот син на неговиот 5-ти роденден и никогаш повеќе не направивме забава“, напишало едно лице.
„Ова е тажно. Ни се случи и нам. Син ми има пореметување од аутистичниот спектар и никој не дојде на неговиот 3-ти роденден. Можевме да си поминеме пеколно добро за тие пари“, се присетила друга.
„Се надевам дека ја научивте лекцијата. Затоа секогаш ги испраќам моите деца на родендени на други деца ако се поканети. Дури и ако не го познавам семејството”, истакнува трета.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …