(ВИДЕО) ТАЖНО – МАЛИОТ АРЧИ Е ПОГРЕБАН ЕДЕН МЕСЕЦ ПО СМРТТА: Беше симбол на борбата за живот, неговата судбина ја следеше цел свет

Арчи Батерсби, кој претрпе оштетување на мозокот по предизвикот на TikTok, беше погребан денеска, еден месец откако беше исклучен од апаратите за одржување.


Погребот на момчето се одржа во локална капела, а до вечниот одмор беше придружуван од членовите на семејството и пријателите.

12-годишното момче било во кома откако неговата мајка го пронашла во несвест во нивниот дом во Есекс во април.
Лекарите кои го лекувале во Кралската лондонска болница оцениле дека момчето има мозочна смрт и дека продолжувањето на одржувањето во живот не е во негов најдобар интерес.
Неговото семејство се борело против одлуката на болницата да го исклучи од машината, тврдејќи дека срцето на момчето сè уште чука и дека ја држел мајка си за рака. Сепак, тие ги изгубија сите судски спорови и момчето беше исклучено од апаратите на 6. август.

Фото: Архива

Извор: Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …