(ВИДЕО) СТРУЧЊАЦИТЕ ИМААТ ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА ОВАА ПОЈАВА: НЕВЕРОЈАТНА ИНВАЗИЈА НА РУСКИОТ ГРАД: Огромни роеви бубачки ги тероризираат граѓаните – НЕ МОЖАТ ДА ЖИВЕАТ ОД НИВ!

Огромен облак од бубачки се формирал во Краснојарск, Русија, а последните денови орди од разни инсекти направиле вистинска инвазија во градот. Бубачките го окупирале градот за време на викендот, но најлошото било во понеделникот. Луѓето со неверување гледале што се случува, а шетањето по улиците и парковите било невозможна мисија.
На земја, инсектите започнале да формираат толку големи роеви што изгледало како улиците да се покриени со летачки теписи.


Експертите велат дека градот бил нападнат од т.н. „зелени муви“ и дека тоа не е толку невообичаено.


Популацијата од инсекти „експлодирала“ за време на топлото време и тие завршиле во градот затоа што ова е време на миграција кон блиските планини. Тие не се опасни за луѓето, но можат да предизвикаат нарушувања во вегетацијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …