(ВИДЕО) СТРАШНА ЗИМА – ВО ВЛАДИВОСТОК ЛУТА БОРБА СО ВЕТРОТ: Налетите одат до 136. км на час, Русите едвај одат по ледените улици!

Жителите на Владивосток деновиве ја тестираат својата издржливост пред налетот на ветерот што дувал дури 136. километри на час, како што објавија руските метеоролози.
Прво, врнел дожд и замрзнал на земјата, по што улиците се претвориле во лизгалиште, а многу силен ветер само ги зголемил страдањата на граѓаните од овој руски град.


Ударите на ветерот биле толку силни што се движеле дури и паркираните автомобили, а надлежните служби имале полни раце работа. Покрај тоа, возачите на мразот не можеле ни да возат, туку главно се лизгале.
На едно видео, забележано е дека бројни монтажни објекти се срушиле врз возилата.


Материјалната штета сè уште не е проценета, но познато е дека најмалку 60. граѓани побарале лекарска помош поради бројни повреди на мразот.


Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …