Починала првата кандидатка за Оскар со афро-американско потекло

Оваа информација ја потврди нејзиниот долгогодишен менаџер Лери Томпсон, а причината за смртта е непозната.
Актерката ќе остане запаметена по долгата и богата кариера, а особено по номинацијата за Оскар за улогата во филмот „Sounder”“, како и наградите Тони и Еми.


Таа се бореше и за правата на оваа популација, а нејзините улоги во филмовите беа разновидни: од робови, активисти за човекови права, деловни жени, борци за вистини, мајки и многу други. Таа внесе еден вид длабочина, посебни емоции, благородност и благодат во секој лик.

Нејзината филмографија вклучува некои од најпознатите филмови и телевизиски емисии во кои афро-американските жени играат значајна улога, како што се “Sounder”, “The Autobiography of Miss Jane Pittman”, “Roots”, “The Marva Collins Story”, “The Women of Brewster Place” и “The Help”..

Сепак, во неколку наврати, Сисели истакна дека нејзиното најголемо достигнување е во 2016 година, кога тогашниот американски претседател Барак Обама и додели „Медал за слобода“.

„Во својата долга и извонредна кариера, Сисели Тајсон не само што ја надмина улогата на актерка, таа го обликуваше текот на историјата“, рече Обама тој ден.


„Јас сум едно од трите деца кои пораснаа во област денес позната како Ел Барио, а тоа беше источната страна на Њујорк. Да дојдам во Белата куќа од тоа место и првиот афро-американски претседател да ми го стави тој медал околу вратот, што повеќе би можел да посакам “, рекла тогаш актерката, опишувајќи го тој момент како еден од најважните во животот.

Родена е на 19. декември 1924. година во Њујорк. Нејзината склоност кон свирење пијано и рецитирање била препознаена уште на почетокот. Подоцна студирала на универзитетот во Њујорк.
„Секогаш одев чекор подалеку, се обидував да откривам работи, да истражувам, да учам“, беа нејзините зборови.

Фото: Принтскрин/Youtube.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …