(ФОТО) Најдолгиот мост во Европа е долг 17, 2 километри и има шест ленти

Овој мост е направен за да се спротивстави на ветровите што се движат со брзина до 250. километри на час, но исто така и на најсилниот земјотрес што некогаш ја погодил оваа област – во 1755 година, со јачина од околу 8,5 до 9 степени по Рихтер.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Lisbon | Travel community (@lisbonworld)


„Васко да Гама“ е името на најдолгиот мост во Европската унија (и втор по должина на европскиот континент по Кримскиот мост), кој се протега на вкупно 17,2 километри. Изграден е во Лисабон преку широката река Тагус и го носи името на познатиот португалски истражувач и морепловец.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pedro Filipe (@pedromiguelfilipe84)

Главниот дел од мостот се протега на 829. метри, остатокот од должината вклучува вијадукт и пристапни патишта. Иако мостот над реката Тајо бил изграден на 25. април 1966. година, во 90-тите години од минатиот век сообраќајниот метеж бил толку голем што морал да се изгради уште еден за да се олесни сообраќајот помеѓу југот и центарот на градот.

Мостот „аско да Гама“ има шест ленти, се градел околу три години, а на него биле потрошени околу 1,1 милијарда долари. Тој беше отворен за јавноста на 29. март 1998 година во време на одржувањето на Експо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lisboa Live (@lisboalive)

Мостот се смета за чудо на конструкцијата. Направен е за да се спротивстави на ветровите кои се движат со брзина до 250 километри на час, но и на најсилните земјотреси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ContraLuz (@contraluz.photos)

Ограничувањето на брзината на „Васко да Гама“ е од 100 до 120 километри на час, во зависност од делот каде се наоѓате. Кога врне, брзината паѓа на 90 км на час.

Фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ја прицврстил со ленти – Педро ја спасил својата куќа од ураган со необична идеја: Познато колку го чинело

Педро Касарес стана сензација на социјалните мрежи и се најде на насловните страници низ светот …