(ВИДЕО) Стефан Миленковиќ во „Еден на еден“ ги открива своите најголеми стравови!

Од настапите пред најголемите светски лидери, преку вежбањето кунг-фу, медитацијата, возењето на брзинец низ американските отворени патишта, до 600 скокови со падобран и покрај стравот од височина – виолинистот Стефан Миленковиќ достојно ја заокружи љубилејната сезона на најгледаното ток-шоу во Македонија.
За оние кои ја пропуштија, епизодата веќе е на „Јутјуб”:

Со неверојатните искуства и приказни на човекот што и денес го нарекуваат „чудо дете”, вчера и официјално беше затворена сезоната 10 на „Еден на Еден”.
Сезона 10 ја оставаме зад нас со 35 емисии и повеќе од 50 гости, многу муабети, музика, смеење. Дел од одличните гости во студиото на Жарко Димитриоски беа (тогаш) кандидатите за претседател на Македонија, Гордана Силјановска – Давкова и Стево Пендаровски, најголемите балкански ѕвезди Лепа Брена, Здравко Чолиќ, Горан Бреговиќ, шампионот Тимур Дибиров.
Направени беа и неколку специјални емисии, меѓу кои и онаа посветена на Тоше Проески и онаа за најубавите македонски евергрини.
До следната сезона наесен, летово на Канал 5 ќе може да ги гледате емисиите што се паметат од сите изминати сезони на „Еден на Еден”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 8 години без нашиот истакнат актер Љупчо Бреслиски

Љупчо Бреслиски е роден во Штип на 14 мај 1962 година. Тој беше познат македонски …