(ВИДЕО) Среќен роденден Каролина Гочева!

Македонската поп дива денес слави округол роденден…
Кога ќе се спомне нејзиното име веднаш се става знакот на еднаквост за исклучителен вокал кој многупати е докажан и’ во Македонија и странство…
Каролина Гочева е родена на 28. април 1980. во Битола. Таа два пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002. година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19. место. Во 2007. година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Сега, како и повеќето граѓани во нашата земја, таа седи дома во изолација, но пејачката повторно беше инспиративна за нејзиниот сопруг, овојпат активно вршејќи ги домашните обврски.


Михаил ја нацртал како става садови во машината за садови, а таа ја објави фотографијата на Инстаграм со описот: „Домаќинка во сабота навечер“.


View this post on Instagram


Домаќинка on a saturday night 💃🕺 sketch by @mihail_korubin ❤️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on


Каролина Гочева имаше многу забележителни настапи но и концерти…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …