(ВИДЕО) Средба по 54 години: Сестрата на сосема необичен начин го пронашла својот брат близнак, а нивната средба ги расплакала сите

Љубовта никогаш не престанала
Морин Годвин била одвоена од својот брат Брејн како дете. Оттогаш изгубиле секаков контакт, но никогаш не заборавиле еден на друг.
Тие упорно се барале на различни начини повеќе од половина век. Иако на моменти можеби изгубиле надеж, мислејќи дека никогаш повеќе нема да се видат, откажувањето во никој случај не било опција. И’ по бројните неуспешни обиди повторно се заедно!
Иако нивното обединување било одложено поради глобалната пандемија, нивната среќа била бескрајна кога конечно се прегрнале во меѓународното пристаниште „Хантсвил“ во Алабама.
– О, многу ми е убаво што те гледам! Како си? О, толку долго го чекав ова“, рекол Брејн кога ја видел својата сестра.
Морин од својата 15-та година живеела во Северна Алабама, додека нејзиниот брат Брејн живеел во Англија. Пред околу три години Годвин го пронашла преку страницата Ancestry.com.


Брајан Ноитон планира да помине пет недели во Алабама со својата сестра, а особено со нетрпение очекува да го прослави Денот на благодарноста со неа за прв пат. Имаат огромна желба да надоместат се што пропуштиле сиве овие години.
Ниту братот ниту сестрата не можеле да ги сокријат емоциите и возбудата што се пронашле по 54. години. И двајцата нагласуваат дека живееле за овој момент.
– Ова е прекрасен благослов. Ти благодарам, Боже, што го најде мојот брат – рече Морин.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …