Моќно масло кое делува против вируси и спречува инфекции, никој не го користи затоа што не знае…

Ароматичното масло од чаевец се добива со седистилација од растението Melaleuca alternifolia кое расте во Австралија. Многумина ова масло го нарекуваат „прва помош во шише“ бидејќи одлично делува против бактерии, вируси и други штетни микроорганизми, а може да го зајакне и имунолошкиот систем.
Маслото од чаевец може да помогне во олеснување на голем број дерматолошки проблеми, како што се акните. Покрај акните, може да ги ублажи и проблемите со спортско стапало, егзема, разни габични инфекции итн.
Може да се користи како антисептик за исекотини и изгореници. Пареата од ова ароматично масло може да биде корисна за „чистење“ на дишните патишта. Ако имате проблем со синусите, тоа може да помогне во ублажување на непријатноста.

This image has an empty alt attribute; its file name is maslo-za-zdravje.jpg


Домаќинство
Ако имате проблем со мувла, измешајте масло од чаевец и вода и избришете ги местата. Кога перете алишта, можете да додадете неколку капки од ова масло во преградата за омекнувач и вашите алишта ќе мирисаат уште подобро.
Во шише со распрскувач можете да додадете две лажици од ова масло и половина литар вода. Во таа смеса можете да додадете и погруба морска сол и да ја користите за да ги избришете плочките во бањата.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …