(ВИДЕО) Со хуморот на „Преспав“ во новата 2021. година – три часа новогодишна програма со многу песни и смеа!

Најпопуларната тв серија „Преспав“ и оваа година своите обожаватели ќе ги внесе во новата година…Од продукцијата најавуваат многу интересни и хумористични содржини со цел што повесело да ја заборавиме годината која ни го промени животот…

Трета година по ред, најпопуларната ТВ серија Преспав подготвува специјално новогодишно издание што се емитува на МРТ1 и ја забавува публиката во домашна атмосфера пред малите екрани, се до полноќ.


Изминатите новогодишни изданија со особена популарност се прегледуваа во текот на цел празничен јануари, а на YouTubeканалот бројат повеќе од 1,5 милион прегледи.


И оваа година Преспав подготвува 3 – часовна новогодишна програма со многу песни проткаени во самите дејствија, налик мјузикл, што ќе се емитува на 31.12.2020 со почеток во 21:00 часот на МРТ1.


Погледнете урнебесен извадок од новогодишната епизода. Инспекторот Томе пее и танцува на песната Just the two of us, во чочек преработка.

“Во новогодишната епизода, пансионот се соочува со истите предизвици како и угостителскиот сектор во моментов, поради пандемијата, но сепак не се откажува од прославата и позитивниот дух.’Преспавци’ како вистинска фамилија, самите ќе си приредат забава со многу песни и танцување, а ќе им се придружат и ѕвезди од македонската естрада, но преку лајфстриминг. Дел од музичките гости  во новогодишното издание ќе бидат Влатко Стефановски, Дарио, Ѓоко Танески, Сузана Спасовска. – најавуваат од продукцијата.

#ОстаниДомазаНоваГодина и гледај#ПРЕСПАВ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …