(ВИДЕО) Снимка од руски војник во болница „го запали“ интернетот: Сите гледаат што се случува додека се ракува со заменик министерот за одбрана!

Еден детал при доделувањето на одликувањата на ранетите војници им падна во очи на многумина…
На 26. март руското Министерство за одбрана објави видео од доделувањето одликувања на ранетите војници за нивната жртва во Украина. Меѓутоа, кога ТВ прилогот се рашири на Интернет, некои забележаа дека некои војници имаат преплашени изрази на лицето додека се ракуваа со службениците.
На видеото се гледа како заменик-министерот за одбрана Александар Фомин се среќава со војниците и ги пофалува за нивниот придонес во воената операција, велејќи „Јас ѝ служам на Русија“ додека стои пред нив.
Повеќето од нив биле во инвалидски колички, додека Фомин свечено им ставил медал на градите пред да се ракува.


– Сите ги извршивте наредбите што ви беа дадени, сите дадовте 100 проценти. Како вистински мажи, како вистински војници, вие ги продолживте славните воени традиции на нашите дедовци и татковци – рекол тој.
Во краткиот дел од видеото што беше пред ова, вториот заменик министер за одбрана, Јунус-Бек Јевкуров, посетил војник кој лежи во болнички кревет.
– Се надевам дека ќе застанеш на нозе – рекол Јевкуров додека му доделувал медал и му подаде рака.
Војникот во тој момент, можеби од страв, на некои им изгледал скаменет и како да зјапа во Јевкуров, што им паднало во очи на многу корисници на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/YouTube/TheSun


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Во вторник и во среда повторно свежо и врнежливо – Можно е ново невреме, особено во вторник

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, …