Полицијата во чешкиот град Ухерско Храдиште соборила човек на земја пред дете, според локалните медиуми, бидејќи тој не носел маска.
Исто така, како што изјавиле, тој одбил да ги покаже документите, и се обидел да избега од полицијата.
Чехот шетал со детето кога полицијата го опоменала бидејќи не ги почитувал мерките и решила да го приведе. Следниот момент, го собориле на тротоарот и легнале над него, додека детето неутешно плачело.
Детето потоа во прегратка го земала работничка од блиската кафеана и се обидела да го смири, а полицијата го давила мажот додека минувачите гледале.
Полицијата потврдила дека имало инцидент и објавила дека двајцата полицајци биле суспендирани. Претставник на полицијата негираше дека полицијата по апсењето на таткото сакала да го остави детето само на улица.
„Мажот беше однесен во станицата, но друг тим полицајци беше на терен, го надгледуваше детето, покрај тоа, имаше работник од блиската продавница“, изјавиле.
Фото: Принтскрин/