Напнатата состојба со мигрантите на турско-грчката граница не се намалува.
Грчката полиција успеала да се спротивстави на приливот на мигранти, кои е проценето ги има повеќе од 20,000 по грчко-турската граница.
Уште едно шокантно видео е објавено на социјалните мрежи, но неговата автентичност не е потврдена.
The evidence is clear. Turkish police are forcing migrants to the borders. Turkey is a rogue state under Sultan Erdogan. h/t @BasedPoland pic.twitter.com/7HqeyfKUSE
— David Vance (@DVATW) March 5, 2020
Наводно, маж во полициска униформа е во автобус во кој, наводно, довеле мигранти на границата со Грција. Потоа вади пиштол од ременот, удира еден мигрант и со навредливи извици ги исфрла него и другите од возилото.
Тој цело време го врти пиштолот и во еден момент го репетира и го свртува кон момче кое има околу 5-6 години. Момчето со наведната глава бега од автобусот, следен од другите преплашени патници.
Веќе се појавија грчки обвинувања дека Турците намерно ги туркале мигрантите во нивната земја.