(ВИДЕО) СЛУЧАЈНО ИЛИ НАМЕСТЕНО – Морбидна несреќа во Мелбурн:Камион удрил полициски автомобил а потоа се судрил со „Порше“ – Загинале четири полицајци!

Во судар помеѓу меѓу камион и полициски автомобил во Мелбурн загинале четири полицајци, објави АП.
Камионот удрил во полицискиот автомобил, по што излетал од лентата и се судрил со „Порше“ кое налетало на него.
Инаку, возачот на „Порше“ бил запрен 50.минути пред судирот поради пречекорување на брзината.


После сударот, тој ја фотографирал сцената на несреќата, која потоа ја напуштил пешки, а фотографиите ги објавил на Интернет.
Подоцна било потврдено дека овој човек, на возраст од 41. година, бил под дејство на илегални супстанци.
Возачот на камионот после сударот ја изгубил свеста, поради што бил пренесен во болница и е под полициски надзор.


Возачот на „Порше“, кој имал криминално досие, бил приведен во притвор.
Од полицијата велат дека не е познато дали судирот се случил случајно или намерно.
Сите полицајци внатре во автомобилот, тројца мажи и една жена починале на лице место.

Фото: Printscreen Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …