Венко Филипче на Фејсбук информира дека има 41. нов случај на Ковид-19: Во земјата има вкупно 1.300 регистрирани пациенти!

Денеска се регистрирани 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови.
Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид-19. По градови:

– Скопје -17
– Куманово -11
– Прилеп– 5
– Тетово – 3
– Кавадарци – 1
– Гостивар -1
– Крива Паланка -1
– Кичево -1
– Неготино -1.
Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.300 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста. Досега во земјата се направени вкупно 13649 тестирања на Ковид -19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …