Ангела Меркел за корона вирусот: Не сме во финална фаза на пандемијата туку сеуште сме на почеток!

„Германија се уште е на почетокот на пандемијата на вирусот Ковид-19 и ќе мора да живееме со него некое време“, изјавила денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
“Ние не сме во завршна фаза на пандемијата, туку на почетокот. Го придобивме времето и ќе го искористиме за зајакнување на германскиот здравствен систем”, рекла Меркел во долниот дом на Бундестагот, пренесува Ројтерс.
Таа исто така рекла дека Светската здравствена организација е неодминлив партнер на Германија и дека ќе ја поддржи работата на организацијата.
Меркел рекла дека ситуацијата ќе биде многу тешка уште некое време и дека треба да се остане „паметен и внимателен“ за време на пандемијата.
Таа додала дека се потребни строги мерки за зачувување на достоинството на сите и дека вакцината, кога ќе биде најдена, мора да биде достапна во сите земји.
„Пандемијата може да се победи само на глобално ниво“, заклучила Меркел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Со цело срце за нечие подобро утре“ – хуманитарна изложба на автомобили

Денес на паркингот кај градски базен во Куманово во период од 10:00-17:00 часот, ќе се …