Познатиот американски актер Алек Болдвин неодамна преку социјалните мрежи откри дека наскоро ќе го добие своето шесто дете, односно петто, со сопругата Хилариа.
Двојката повторно решила полот на детето да го открие преку социјалните мрежи.
Имено, сопругата на славниот актер на Инстаграм објавила кратко видео каде можеме да видиме како нивните четири деца, шестгодишната Кармен, четиригодишниот Рафаел, тригодишниот Леонард и едногодишниот Ромео, возбудливо влегуваат во детската соба, каде ги дочекуваат четири кукли. Малиечкте со нетрпение ги одвиткуваат куклите завиткани во бели ќебиња за да можат конечно да ја видат розовата облека што се крие под ќебето, односно дознаваат дека наскоро ќе добијат сестра.