(ВИДЕО) Симон Трпчески воодушевен од приемот на македонскиот тим на „Јуниор Евровизија“

„Не верував дека ќе се вратам во пријателската Ерменија, само девет месеци после мојот концерт со Armenian Philharmonic Orchestra во Ереван во февруари. Почувствував чиста детска енергија од толку многу деца на Церемонијата на отворање на Јуниор Еверовизија 2022.
…Нешто дека сите ние го живееме во нашето детство преку телевизијата…и сега подржувајќи го македонскиот тим тука во Ереван. Да ја оставиме детската енергија да го преземе светот“, напиша Симон Трпчески покрај видеото од отворањето на Јуниор Евровизија.


Инаку, годинава Македонија на „Јуниор Евросонг“ ќе ја претставуваат Лара, Јован и Ирина со темата „Животот е пред мене“, а автори се Симон Трпчески, Лара и Дарко Димитров.


Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …