(ВИДЕО) ШТО Е ВИСТИНАТА: Нови тврдења – Шарлин од Монако се крие поради неуспешна пластична операција и страшни лузни на лицето?

Се појавија нови информации за принцезата Шарлин, која моментално е на лекување во Швајцарија.
Како што претходно истакна нејзиниот сопруг, принцот Алберт, тоа и била желба бидејќи не се чувствувала психички добро, а нејзиниот татко Мајк Висток неодамна коментирал за се. Тој се огласил поради бројните шпекулации во јавноста за здравјето на неговата ќерка, за која се верува дека била насилно хоспитализирана за да не се разведе од принцот прељубник.

This image has an empty alt attribute; its file name is sarlin-2.jpg
– Не ја видов ќерка ми додека беше во Јужна Африка. Не сакав да ризикувам и да ја заразам бидејќи имаше толку многу медицински интервенции. Таа е многу чувствителна“, рекол Мајк.
Шарлин од Монако моментално се лекува во специјална установа.


This image has an empty alt attribute; its file name is sarlin-1.jpg
– Ќерка ми пливаше по 20. километри дневно. Знам колку е силна и дека ќе закрепне и ќе се врати многу посилна – заклучил таткото на принцезата, но не открил повеќе детали.

This image has an empty alt attribute; its file name is sarlin-3.jpg
Меѓутоа, сега се појавија нови информации кои немаат врска со психичката состојба на принцезата, туку со пластична операција. Имено, експертот за кралското семејство Пилар Ејр тврди дека принцезата се крие од јавноста затоа што си го уништила лицето при последната пластична операција. Принцезата наводно отишла „под нож“ во Дубаи, но процедурата тргнала наопаку, поради што принцезата сега има лузни на лицето.
Засега никој не ги потврдил ниту ги демантирал нејзините тврдења, но познато е дека Шарлин и порано го подобрувала изгледот кај хирурзите, иако тоа никогаш не го признала.


This image has an empty alt attribute; its file name is sarlin-4.jpg
Шарлин од Монако наводно направила пластична операција. Некои коментираат дека го оперирала носот, некои усните, а други дека си ја скратила брадата. Нема докази за корекции, само стари фотографии кои покажуваат колку принцезата се променила во последните неколку години.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …