(ВИДЕО) СЕСТРИНСКА ЉУБОВ: Девојка од Австралија крева тегови за да може да ја носи неподвижната сестра

„Ова е фантастично, кога она што го правите има за цел да му помогне на некој друг освен вас, тоа е вистинска љубов!“, се вели во коментар.
Ајрин Витхулкас од Австралија станала популарна на Инстаграм и ТикТок бидејќи крева тегови за да може да ја носи својата парализирана сестра.
Нејзината сестра, 23-годишната Кристина, е австралиска мотоциклистка во слободен стил. Пред три години на тренинг погрешно ја проценила брзината и доживеала несреќа и останала парализирана.
Лекарите успеале да ја спасат Кристина, но и рекле дека никогаш повеќе нема да оди. Сепак, по само 11. недели закрепнување, Кристина повторно била на мотор благодарение на свршеникот Џејмс.


View this post on Instagram

A post shared by 🅒🅗🅡🅘🅢🅣🅘🅝🅐🥀 (@christina_vithoulkas)


Заедно со Џејмс, на Кристина многу и помага и нејзината сестра близначка Ајрин, која уште повеќе почнала да тренира по несреќата на Кристина. Двете сестри се силно поврзани и Ајрин не сакала животот на нејзината сестра да престане со несреќата.
Својот напредок го споделува на социјалните мрежи, а следбениците ја прашуваат зошто толку крева тегови.
„Не сакам ништо да пропушти“, напишала Ајрин во описот на видеото што го споделила.


И двете сестри се инспирација за многумина. Ајрин за жртвата што ја прави за својата сестра, а Кристина затоа што не дозволила парализата да и го ограничи животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …