(ВИДЕО) СЕ ЗАБАВУВАЛА СО ПРИЈАТЕЛИТЕ: Интернетот врие од видеа на кои финската премиерка пуши и „лудува“ на музика

На социјалните мрежи се појавија видеа од финската премиерка Сана Марин како се забавува на домашна забава.
На видеата можете да видите како премиерката Марин го поминува времето со пријателите и пее и танцува на песните на финскиот рапер Петри Нигард и поп ѕвездата Анти Туиска, пренесува финскиот таблоид Iltalehti.


Тој весник наведува дека не може со сигурност да се каже кога и каде се направени снимките и дека не можеле да добијат коментар од кабинетот на премиерката.
Iltalehti потсетува и дека начинот на живот на премиерката Марин, која сака да излегува и е активна на социјалните мрежи, е предмет на дебата во финската јавност.
Додека едни тврдат дека ваквото однесување не и доликува на премиерката на една земја, други ја поддржуваат како „најкул политичарка во светот“.
Сана Марин е најмладата премиерка во историјата на својата земја, а во светот се докажа со својата решителна борба против короната и за родова еднаквост.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …