(ВИДЕО) Се шири моќно видео од украинската армија: „Никој од нас не е роден за војна!“

ПОСЛЕ руската инвазија на Украина, на социјалните мрежи почна да се шири моќно видео кое покажува дека никој од нас не е роден да оди во војна.
Војниците кои се појавуваат на снимката имале живот пред да започне војната. Беа татковци, помали браќа, синови, возачи на автобус, свршеници, фудбалски навивачи, директори на продажба, програмери, студенти… Сега се принудени да држат пушка во рака и да испукаат ракети што ќе убијат некого.
„Никој од нас не е роден за војна, но сите сме тука да ја заштитиме својата слобода. Како еден. Непобедливи“, стои на крајот од видеото потпишано од украинските вооружени сили.
Иако видеото не беше направено деновиве, пораката што ја испраќа погодила многумина по руската инвазија на Украина.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …