(ВИДЕО) Се обидел, на бензинска, да украде Мерцедес: Реакцијата на сопственичката го шокирала!

Крадците мораат да имаат голема фантазија да да успеат во својата идеја, па се осмелуваат да крадат дури и на бензинска пумпа. Една сопственичка на автомобил храбро се спротивставила.
Жена застанала на бензинска пумпа во Џорџија за да го наполни својот Мерцедес. И, токму кога тргнала да полни гориво, покрај нејзиниот автомобил застанал друг од кој излегол маж и се обидел да влезе во Мерцедесот, јавува WSB.Жената го видела тоа и реагирала со молневита брзина скокнувајќи низ отворот на вратата на совозачот. Тоа очигледно го збунило крадецот па се откажал и се вратил во својот автомобил и избегал.
Сопственичката на Мерцедесот за ТВ изјавила дека веќе слушнала за крадци на бензинските пумпи па поради тоа ја следела околината при полнењето на гориво. Така на време го забележала сомнителниот автомобил и го осуетила планот на крадците да и ги отуѓат работите и автомобилот.
Но, останала шокирана со фактот дека некој се обидел да и го украде автомобилот додека таа стоела покрај него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …