(ВИДЕО) РУСИН БРУТАЛНО СИ ГО УБИЛ СИНОТ (13): Имал рак а за злосторството дал морбино објаснување!

Татко со термален тумор на мозокот го избодел својот 13. годишен син затоа што се плашел дека неговата сопруга нема да може да го воспитува сама, објави „Daily Mail“.
Олег Драчев (40) е уапсен во Москва под сомнение за сторено кривично дело. Тој се обидел да ја избоде и неговата сопруга, но таа успеала да се скрие во бањата и да повика полиција. Драчев, инженер за дизајн, служел во војска и слободното време го поминувал со синот, велат од семејството.
Според московскиот „Комсомолец“, тој и рекол на полицијата дека се плашел дека никој нема да може да го замени. Тој не верувал дека неговата сопруга ќе може да ја врати хипотеката и да го одгледа детето.


Неговата сопруга која била на работа се вратила дома бидејќи никој не одговарал на нејзините телефонски повици. Во креветот го нашла избодениот син, а нејзиниот сопруг потоа ја нападнал. Сепак, таа успеала да се одбрани и да се заклучи во бањата сè додека не пристигне полицијата.
„Не можете да замислите колку го сакаше својот син. Никогаш не го казни. Сепак, после неговата дијагноза, тој полуде“, рекла мајката на убиецот. Истрагата е во тек а убиецот се наоѓа во психијатриска болница во Москва.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …