(ВИДЕО) Романец во „Ролс Ројс“ го запрел и го блокирал сообраќајот, а причината е неверојатна

СОПСТВЕНИКОТ се преценил и очигледно заборавил каков „ѕвер“ има под хаубата.
Тежок неполни 2,4 тони се напојува со мотор од 6,6 V 12  кој, според официјалните податоци, просечно „пие“ 21,2 л/100 км. Во урбани услови, тоа е значително повеќе, така што и покрај резервоарот од 83. литри, опсегот не е претеран. А, ако се најдете во резерва, ќе имате малку време и простор да реагирате.
Ова го доживеал на неговата кожа возачот чиј автомобил буквално застанал среде пат кон најпопуларното романско летувалиште Мамаиа на брегот на Црното Море, кое е полно со туристи во летните месеци. Не е познато дали мерачот за гориво откажал или возачот едноставно бил незаинтересиран, но сигурно е дека прилично се засрамил кога го создал сообраќајниот метеж. Единствено решение било да се земе канистер со бензин и да се дополни а потоа – правец до првата бензинска пумпа.
Се разбира, камерите се’ снимиле, а снимката од автомобилот од речиси 300.000 евра со јасно прикажани регистарски таблички наскоро се емитувала на сите романски ТВ канали.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …