(ВИДЕО) Роберт Де Ниро е ѕвезда на нова урнебесна комедија

Познатиот актер Роберт Де Ниро неодамна наполни 77. години, но сепак е многу активен во Холивуд. Минатата година го видовме во многу успешните филмови „Џокер“ и „Ирецот“, додека во 2020. година тој ќе биде sвезда на две комедии. Едната од нив, наречена The Comeback Trail, ќе биде објавена на 13. ноември, а друштво ќе му прават уште двајца холивудски ветерани, Морган Фримен и Томи Ли Џонс.
The Comeback Trail е преработка на истоимениот филм од 1982 година. Тоа е приказна за двајца филмски продуценти кои и должат пари на мафијата. Доаѓаат до идеја да започнат да снимаат филм единствено со цел да се случи несреќа на сетот што ќе го убие главниот актер, што ќе им овозможи да земат пари за осигурување и да го отплатат долгот. Сепак, ќе биде многу потешко тоа да се спроведе отколку што очекуваа.
Оваа црна комедија беше во режија на Џорџ Гало, кој заедно со Џош Поснер го напиша и сценариото.
Во филмот The Comeback Trail, покрај горе споменатите актери, играат и Емил Хирш, Зак Бреф, Кејт Кацман и Еди Грифин.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …